Трагичен крај на потрагата: По пет месеци, скијачот пронајден мртов

Од:

Поранешниот чешки ски-скокач Антонин Хајек (36) е пронајден мртов, соопшти чешкиот скијачки сојуз. Семејството на Хајек го пријавило за исчезнат во октомври 2022 година и оттогаш тој не се појавил. Телото на Хајек е пронајдено во Малезија, а околностите за неговата смрт не се разјаснети.

Почина поранешниот ски-скокач, чешки рекордер и национален селектор Антонин Хајек. соопшти Федерацијата.

Најдобрите пласмани на Светското првенство Хајек го постигна во 2010 година, кога беше четврти на натпреварите во Бад Митерндорф и Сапоро. Со 236 метри тој се уште го држи чешкиот национален рекорд во скијачки скокови, поставен во Планица на Светското првенство во 2010 година.

Натпреварувачката кариера ја заврши во 2015 година, по што почна да се занимава со тренерска работа, првично работејќи со млади чешки скокачи. Во јануари 2020 година, тој накратко беше селектор на машката репрезентација, откако Федерацијата го отпушти Давид Жирутек. Работеше и како селектор на чешката женска репрезентација.

Би можело да ве интересира

Закрепнува норвешкиот ски-скокач Танде, кој имаше страотен пад на Планица

Жарко Настоски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ужасен пад на Планица, норвешкиот ски-скокач Даниел-Андре Танде е во кома

Жарко Настоски

Ски-скокачот Жила го освои мундијалското злато на малата скокалница во Оберздорф

ВИДЕО: Луд подвиг, се спушти нанaзад на ски-скокалница

Катерина Ѓуровски

„Четири скокалници“: Кубацки со рекорден скок триумфираше во Гармишпартенкирхен

Ана Ололовска

Германецот Гајгер победи на отворањето на годинешните „Четири скокалници“

Жарко Настоски