Германецот Гајгер победи на отворањето на годинешните „Четири скокалници“

Од:

Актуелниот светски првак во скијачки скокови, Германецот Карл Гајгер, победи денеска во Оберсдорф, на првата етапа од новогодишната турнеја „Четири скокалници“, која се одржува по 69-ти пат.

Гајгер го освои првото место со скокови од 127 и 136,5 метри, освојувајќи 2.8 бодови повеќе од второпласираниот Камил Штох од Полска. Третото место го освои норвежанецот Мариус Линдвик.

На денешната прва етапа од турнејата „Четири скокалници“, претходеа проблеми поврзани со тестирањата за коронавирус на полската репрезентација.

Полјаците во понеделникот беа дисквалификувани, откако Клеменс Муранка беше позитивен на тестот за Ковид-19. Сепак, повторените тестирања на полскиот тим денеска донесоа негативни резултати, по што Полјаците се појавија на скокалницата во Оберсдорф, а резултатите од вчерашните квалификации беа поништени.

Би можело да ве интересира

„Четири скокалници“: Ланишек славеше во Гармиш

А1он

Трагичен крај на потрагата: По пет месеци, скијачот пронајден мртов

Кобајаши победник на вториот натпревар од турнејата „Четири скокалници“

Катерина Ѓуровски

Закрепнува норвешкиот ски-скокач Танде, кој имаше страотен пад на Планица

Жарко Настоски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ужасен пад на Планица, норвешкиот ски-скокач Даниел-Андре Танде е во кома

Жарко Настоски

Ски-скокачот Жила го освои мундијалското злато на малата скокалница во Оберздорф