„Четири скокалници“: Кубацки со рекорден скок триумфираше во Гармишпартенкирхен

Од:

Полскиот репрезентативец во скијачки скокови Давид Кубацки триумфираше попладнево на втората етапа од новогодишната турнеја „Четири скокалници“, поставувајќи нов рекорд на скокалницата во Гармишпартенкирхен .

Кубацки до својата петта победа во кариерата стигна со скокови од 139 метри во првата, и рекордни 144 метри во втората серија.

Второто место го освои водечкиот во генералниот пласман, Норвежанецот Халвор Егнер Гранеруд, со скокови од 137 и 136 метри, додека место на подиумот имаше и за сонародникот на Кубацки, Пјотр Жила (129.5 и 137 метри)

Новогодишната турнеја „Четири скокалници“ се сели в недела во Инсбрук.

Би можело да ве интересира

Трагичен крај на потрагата: По пет месеци, скијачот пронајден мртов

Закрепнува норвешкиот ски-скокач Танде, кој имаше страотен пад на Планица

Жарко Настоски

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Ужасен пад на Планица, норвешкиот ски-скокач Даниел-Андре Танде е во кома

Жарко Настоски

Ски-скокачот Жила го освои мундијалското злато на малата скокалница во Оберздорф

ВИДЕО: Луд подвиг, се спушти нанaзад на ски-скокалница

Катерина Ѓуровски

Германецот Гајгер победи на отворањето на годинешните „Четири скокалници“

Жарко Настоски