Стјепановиќ три години во Висла

Од:

Остоја Стјепановиќ, македонскиот репрезентативец и еден од најзаслужните вардарови фудбалери за одбраната на шампионската титула, во следните три години ќе го носи дресот на Висла Краков.

„Црвено-црните“ пред два дена отпатува на подготовки на Златибор без Стјепановиќ за кого се најавуваше дека ќе замине од клубот.

28-годишниот играч од средниот ред минатата сезона имаше девет асистенции, најмногу кај македонскиот шампион. За неговите услуги беа заинтересирани и Дебрецин и Панатинаикос.

Стјепановиќ во кариерата, освен за Вардар има играно и во Македонија Ѓорче Петров, Славија Сараево, Динамо Врање, Чукарички, Матерсбург и Тараз.

Освен Стјапановиќ за идната сезона Вардар нема да смета и на Бонифацио, Иванов, Томески, Илиевски и Симов.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска