Остоја Стјепановиќ, македонскиот репрезентативец и еден од најзаслужните вардарови фудбалери за одбраната на шампионската титула, во следните три години ќе го носи дресот на Висла Краков.
„Црвено-црните“ пред два дена отпатува на подготовки на Златибор без Стјепановиќ за кого се најавуваше дека ќе замине од клубот.
28-годишниот играч од средниот ред минатата сезона имаше девет асистенции, најмногу кај македонскиот шампион. За неговите услуги беа заинтересирани и Дебрецин и Панатинаикос.
Стјепановиќ во кариерата, освен за Вардар има играно и во Македонија Ѓорче Петров, Славија Сараево, Динамо Врање, Чукарички, Матерсбург и Тараз.
Освен Стјапановиќ за идната сезона Вардар нема да смета и на Бонифацио, Иванов, Томески, Илиевски и Симов.