Стеауа пресилна за Вардар

Од:

Македонскиот фудбалски шампион Вардар и покрај најавите за изненадување, не успеа да обезбеди позитивен резултат на вечерашното гостување кај Стеауа во рамките на првиот дуел од второто квалификациско коло за Лигата на шампионите. Романската екипа на „Националната Арена“ во Букурешт го победи Вардар со 3:0.

Пеколни беа првите 20 минути за вардарци кои не го издржаа пресингот на домашните фудбалери и притисокот од преку 40-илјадната бучна публика.

Најпрво Кристијан Танасе во 12. минута искористи една одбиена топка од рамката на голот на Вардар и му донесе водство на својот тим.

На 2:0 во 21.минута зголеми Михаи Дору Пинтили, а во судиското надополнување од првото полувреме, романскиот претставник со автоголот на голманот Игор Павловиќ во кого се одби една топка од дирекот и заврши во голот, зголеми на 3:0.

Стеауа освен трите погодоци, во првото полувреме имаше уште 5-6 убави шанси за гол.

Нешто подобра игра Вардар прикажа во првата половина од вториот дел, но и во тој период не создаде посериозна шанса за постигнување погодок.

Домаќините како да се задоволија со убедливото водство, па вторите 45 минути не ги одиграа на нивото и со агресивноста како што ја прикажаа во првото полувреме, но и покрај таквиот пристап создадоа неколку полушанси кои за среќа на македонскиот тим не ги искористија.

За Стеауа цел натпревар одигра македонскиот репрезентативец Даниел Георгиевски.

Реваншот ќе се одигра во Скопје по една седмица (23 јули).

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска