Стеауа е фаворит, но Врадар не се плаши

Од:

Македонскиот првак Вардар во вторник ќе и гостува на Стеауа во натпревар од 2.коло во квалификациите за фудбалската Лига на шампиони. „Црвено-црните“ улогата на фаворит им ја препуштаат на Романците, но најавија борбена игра на гостувањето во Букурешт и обид да се направи добар резултат пред реваншот во Скопје.

Тренерот Боби Милевски верува во квалитетите на своите играчи.

– Стеауа е голем клуб, цврста и агресивна екипа, составена од добри играчи. Ние треба да одиграме максимално ангажирано, да бидат исполнети задачите кои ќе им бидат доделени на тие што ќе настапат и да го спроведеме зацртаното. Колку ќе ни помогне тоа да оствариме поволен резултат ќе се види по завршување на натпреварот, изјави Милевски.

Вардаровиот тренер е задоволен од моменталната форма на неговите избраници и таа е со тенденција на подобрување како што се приближуваат официјалните натпревари во новата сезона.

Раденко Бојовиќ, новиот капитен на шампионот ги повика своите соиграчи против Стеауа да одиграат храбро, без преценување на противникот кој важи за фаворит на овој двомеч.

– Не се предаваме и одиме во Букурешт да направиме изненадување. Ако бидеме сплотени и ако го дадеме максимумот можно е на крајот да се радуваме, рече Бојовиќ.

Вардар в недела наутро со автобус заминува за Букурешт каде ќе одработи два тренинга пред дуелот против домаќинот Стеауа закажан за вторник со почеток од 19 часот и 45 минути.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска