Со одигрување на денешните 12 натпревари од 1.коло стартува фудбалскиот Куп на Македонија.
Бранителот на трофејот второлигашот Тетекс службено е во осминафиналето.
Тетовци требаше да играат на стартот со Албарса, но оваа екипа се фузира со Корзо, па така Албарса нема да игра.
Двојки за денеска: Зајас – Вардар, Локомотива – Напредок, Баби – Гостивар, Караорман – Пелистер, Беласица – Хоризонт Турново, 11 Октомври – Ренова, Могила – Силекс, Новаци – Еуромилк, Корзо – Металург, Миравци – Руфеја, Борец – Дрита и Љуботен – Македонија Ѓорче Петров. Утре ќе се одиграат три натпревари, а двојките се: Џумајлија – Шкендија, Сатеска – Брегалница и Карбинци – Работнички. Почетокот на натпреварите е во 17 часот.