Ренова на одличен начин ја отвори пролетта. Тимот на Ќатип Османи дојде во Штип и успеа да ја победи Брегалница со 1-2.
Голманот на домашниот тим Давид Денковски во 16.минута направи голема грешка, а Ренова знаеше тоа да го искористи и поведе со 0-1.
Виктор Серафимовски во 52.минута зголеми на 0-2 и беше јасно дека „гипсарите“ ќе направат изненадување во Штип.
Урош Дамњановиќ во 58.минута постигна гол за надеж, но до крајот Брегалница не успеа да стигне до реми.