Општина Чаир преку писмено соопштение извести дека проектот за изградба на ветената трибина на стадионот на Ф.К. Шкупи изработен во партнеритет помеѓу Општина Чаир и Фудбалската Федерација на Македонија е прифатен од страна на Европската Фудбалска Федерација – УЕФА.
Градоначалникот на Општина Чаир Висар Ганиу изразува голема благодарност за ангажирањето на Претседателот на ФФМ г-дин Муамед Сејдини со кого заедно ја поднесоа апликацијата до УЕФА.