Српските портали ја пренесуваат веста лиферувана од националната агенција Танјуг, дека фудбалската репрезентација на Македонија го откажала тренингот на стадионот во Јагодина, каде што ќе се игра возвратната средба од квалификациите за СП.
Генералниот секретар на ФК Јагодина, Славко Гајина, за ваквата одлука бил писмено известен од менаџерот на српската репрезентација, Александар Бошковиќ.
Натпреварот е закажан на 15 октомври, а српската репрезентација ќе има два тренинга, по еден во претходните два дена. Голем број од медиумите посочуват со прст и оценуваат дека таквиот потег е „невиден безобразлук“ (Курир), „Блиц“ обвинува за бојкот, додека „Б92“ и државниот „РТС“ упатуваат дека Македонија одбива да тренира.
Вовед во оваа рашомонијада е објавата на македонскиот сајт СпортЕфе, регистриран од поранешниот портпарол на ФФМ, Зоран Николовски, кој по одредувањето на Јагодина како домаќин, објавил вест „Србија-Македонија во „село“?!“.
Овој наслов се уште ги инспирира српските медиуми, иако е објавен на 20 август, а откажувањето на тренингот е нов стимул за повторно отворање на „скандалот“.
Извор: Дерби