Српски кошаркар доживотно суспендиран поради местење натпревари

Од:

Светската кошаркарска федерација ФИБА соопшти дека доживотно го суспендирала српскиот кошаркар Никола Ќирковиќ (27).

Ќирковиќ доби забрана за професионална кошарка до крајот на животот, a сето тоа поради местење натпревари и обложување.

Последниот ангажман на Ќирковиќ беше во Слобода од Ужице, а претходно играше на паркетите во Босна и Херцеговина во Братунац. Играше и за српските прволигаши Напредак, Вршац и Динамик, а кратко време беше и член на шпанскиот третолигаш Биеле.

Ги мина младинските селекции на српската репрезентација и своевремено важеше за многу талентиран кошаркар.

На почетокот на оваа година, ФИБА доживотно го суспендираше и Мирослав Пашајлиќ, уште еден српски кошаркар, наведувајќи го како причина нарушување на интегритетот и етичкиот кодекс на натпреварувањето.

Би можело да ве интересира

Пијастри ја покори Кина

Новоматик Македонија одличен пример за општествена одговорност

Предраг Петровиќ

Кошаркарите на Црвена звезда поразени од Цедевита Олимпија во 22.коло од АБА лигата

Тежок пораз на Црвена звезда од Баерн Минхен: Баварците сурово се одмаздија

Горан Наумовски

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронзен медал на Балканското првенство во Будва

Исплашената Ема Радучану заплака кога виде маж на трибините, ВТА објасни што се случило

Предраг Петровиќ