Српската полиција ја заврши истрагата во ФК Црвена Звезда

Од:

Српската полиција ја заврши истрагата околу работењето на фудбалскиот клуб Црвена Звезда, по што ја проследи комплетната документација до Обвинителството.

Државните органи се сомневаат во криминално работење на управата на „црвено-белите“ во периодот од 2007 до 2012 година.

Во петгодишниот период од „Маракана’’ исчезнале седум милиони евра, само од трансфери на играчите, а клубот затаил и девет милиони евра данок, тврди српскиот дневен весник „Информер’’, повикувајќи се на „одлично информирани извори’’.

Претседатели во Црвена Звезда во тој период беа Драган Џаиќ, Топлица Спасоевиќ, Добривоје Танасијевиќ и Владан Лукиќ, а никој од нив досега несакал да ги коментира сознанијата на белградскиот весник.

Но, покрај „црвено-белите“ српската полиција спроведува истрага и во редовите на нивниот голем ривал Партизан, тврди „Информер’’.

Би можело да ве интересира

Фудбалскиот сојуз на Косово ги тужи Пикси и Србија кај ФИФА

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Србите испуштија победа против Камерун

ВИДЕО: Србија потклекна пред Бразил

Млад српски фудбалер за време на тренинг доби срцев удар и почина

А1он

Вучиќ им вети премија од еден милион евра на српските фудбалери за победа во Португалија

Ана Ололовска

Црвена ѕвезда се соочува со висока казна од УЕФА

Ана Ололовска