Српската атлетичарка Ивана Шпановиќ со скокот од 6,96 метри го освои златниот медал на Светското првенство во Бирмингем.
Таа со скокот од 6,96 метри беше подобра од Американката Бритни Рис која скокна 6,89 метри, додека олимписката вицешампиока Состен Могуенари Тарум беше трета.
Шпановиќ на Светските првенства во сала досега има освоено сребро (2016) и бронза (2014).