Сребрен медал за Георгиевски на Олимпијадата во Токио

Од:

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на Олимпијадата во Токио.

Тој попладнево во финалето во категоријата над 80 килограми загуби од Русинот Владислав Ларин со 15:9.

Рускиот натпреварувач подобро го отвори мечот и се стекна со водство од 2:0 по првата рунда. Рамноправно беше во вторите две минути.

Запишани беа по седум поени на двете страни за 9:7 пред стартот на решавачката, трета рунда. На една минута до крајот на борбата Георгиевски губеше со 8:13, недостижно за конечен триумф.

Сепак, и покрај поразот, Георгиевски се запишува во историјата на македонскиот спорт, како втор освојувач на медал на олимпијадите.

Претходно, пред 21 година, на Игрите во Сиднеј, натурализираниот Македонец Могамед Ибрагимов, по потекло од руската република Дагестан, освои бронзен медал во борење.

На патот до финалето, Георгиевски, првиот роден Македонец кој дојде до олимписки медал, ги победи Алба Кастиљо од Куба, Ин Дон од Кореја и Сејду Гбане од Брегот на Слоновата коска.

Би можело да ве интересира

Јапонија постави рекорд во освоени златни медали на Олимпијадите

Ана Ололовска

Ѓоковиќ остана без финале во сингл на Игрите во Токио

Ана Ололовска

САД останаа без медал за прв пат од враќањето на тенисот на Олимпијадите

Ана Ололовска

Хачанов прв финалист на тенискиот олимписки турнир

Ана Ололовска

ОИ: Максимални четири победи за ракометарите на Франција

Ана Ололовска

Кина и Јапонија прво според медалите по шестиот ден на Олимпијадата

Жарко Настоски