Македонскиот тенисер Горазд Србљак го заврши настапот на фјучрсот во Кисељак, БиХ откако попладнево по два часа игра загуби од четвртиот носител Евгени Карловски со 2:0 во сетови (7:6 (7:4) и 7:5 во гемови).
Во првиот сет Србљак имаше четири брејк топки и неискорсти ниту една, а противникот го доби тај брекот. Во вториот сет нашиот тенисер имаше 2/2 брејк топки, а Карловски имаше 3/7 искористени брејк топки.
Србљак, кој успешно ги мина квалификациите пропушти шанса да направи изненадување.
Во меч од првото коло во двојки Томислав Јотовски успеа да триумфира заедно со Резарт Цунгу од Црна Гора. Тие ги совладаа Фабиан Грубер и Даниел Меер со 2:0 во сетови (6:4 и 6:2 во гемови).
Утре во меч од првото коло Јотовски ќе игра против Мајк Урбанија од Словенија.