Србија со стил го отвори Евробаскетот, поразена е Естонија со 34 поени разлика

Од:

Српската кошаркарска репрезентација ја победи Естонија со 98:64 (32:12, 24:17, 30:15, 12:20) во Рига во првото коло од Европското првенство.

Од самиот почеток беше јасно дека овој натпревар е игра на мачка и глушец“.

Србија многу брзо стигна до двоцифрена разлика и по десет минути веќе беше 32:12 за избраниците на Светислав Пешиќ.

Србија малку забави во втората делница. Сепак Орлите“ на полувремето влегоа со водство од 27 поени (56:29).

Публиката, која во голема мера беше на страната на Естонците, се радуваше на секоја успешна акција, како што се случуваше кога првите дрим тимови, американските тимови, играа со своите противници.

Србија го израмни рекордот од 32 асистенции во натпревар што го постави во 2015 година, и за прв пат имаше тројца играчи во еден тим со најмалку пет асистенции.

Ова е рекордна победа на Србија на Европско првенство со предност од 34 поени.

Никола Јовиќ беше најпрецизен со 18 поени, Аврамовиќ постигна 13, Петрушев 12, а Богдановиќ и Јокиќ мечот го завршија со по 11 поени. Последните двајца на мечот забележаа по 7 асистенции.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради упадот на руски авиони во Естонија

Певкур: Подготвени сме да се одбраниме од Русија заедно со нашите сојузници од НАТО

Москва ги негира обвинувањата за нарушување на естонскиот воздушен простор

Ирски новинар ја обвини Урсула фон дер Лајен дека лаже во врска со руските авиони

Естонија го активираше Член 4 од НАТО

Итна реакција на НАТО по влезот на руските воени авиони во Естонија