Репрезентацијата на Србија обезбеди учество во финалето на олимпискиот турнир во Рио по одличната игра и убедливата победа над Австралија синоќа во второто полуфинале.
Србите славеа со 87:61 (16:5, 19:9, 31:24 и 21:23) и си обезбедија борба за златниот медал. Во финалето ќе се сретната со САД, противник од кого изгубија само три разлика во групната фаза.
Американците во завршницата се пласираа по победата над Шпанија од 82:76.
Шпанците против Австралија ќе се борат за третото место и бронзениот медал.