Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Од:

Мрачните облаци над „Камп Ноу“ полека исчезнуваат. Барселона веќе извесно време е во сериозни финансиски проблеми, кои ќе бидат елиминирани во поголема мера благодарение на новиот вносен договор. Каталонскиот гигант добива нов спонзор откако е постигнат договор со „Spotify“.

Станува збор за тригодишен спонзорски договор вреден 280 милиони евра. Логото на „Spotify“ ќе биде на дресовите на машкиот и на женскиот тим, како и на опремата за тренинг.

Во договорот не се вклучени само дресовите и опремата, туку и правата на името на стадионот за следната сезона, па на името на стадионот „Камп Ноу“ ќе се додаде зборот „Spotify’.

Претставниците на „Spotify“ беа во свечената ложа на дербито против Атлетико Мадрид.

Би можело да ве интересира

Јамал: Меси е фантастичен, но Нејмар е легенда

А1он

Иниеста и официјално се прости од фудбалот

Барса најде замена за Левандовски – најдобриот стрелец во француска Лига 1

А1он

Чави на прес го „понижи“ Бруно Фернандеш: „Тоа момчето од Португалија“

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Барселона го поддржа Чави и покрај елиминацијата од Лигата на шампионите