Спировски: Во репрезентацијата да ја пренесеме формата и ефикасноста од настапите во клубовите

Од:

Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Спировски ги искажа своите очекувања во пресрет на квалификацискиот натпревар против Израел закажан за 5 септември во Хаифа.

– Сите ќе бидеме подготвени, а се надевам дека ќе имаме и малку повеќе среќа. Атмосферата во тимот е одлична, ако ја пренесеме формата и ефикасноста од настапите на клупски план, мислам дека ќе биде позитивно за нас во Израел. Наша задача во овие неколку денови е да го дадеме најдоброто од себе на тренинзите и да ги исполниме задачите кои ги бара од нас селекторот. За 90-те минути во Израел убеден сум дека секој што ќе добие шанса ќе даде максимум. Мислите ни се насочени единствено кон пресметката на 5-ти септември, чекор по чекор, подоцна за Албанија, изјави за сајтот на ФФМ новиот фудбалер на унгарски Ференцварош, Спировски.

Слично размислува и Езџан Алиоски кој викендот постигна погодок во дресот на англиски Лидс.

– Јасно е дека не очекува тежок натпревар, но ние одиме на три бода. Во овој македонски тим има квалитет, младите фудбалери носат нова енергија и се надевам дека конечно и резултатски ќе поминеме добро. Сакам да постигнам гол, но на крајот тоа е помалку важно, најбитно е да победиме, сеедно кој ќе биде ефикасен, вели Алиоски.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска