Спектаклот за крај: Фетел во друштво на Шумахер и Фанџо

Од:

Себастијан Фетел во Ред Бул, ја освои третата последовна шампионска титула во Формула 1, по многуте возбудувања што се случија на последната трка од годинешниот шампионат во Бразил.

Фетел со својта трета титула по ред се најде во друштво на Шумахер и Фанџо, единтвените кои имаат по три или повеќе титули во низа.

Тој го освои шестото место, што беше сосема доволно за да ја одбрани титулата, со вкупно 281 бодови, три повеќе од Фернандо Алонсо, кој се пласираше на втората позиција, не можејќи да го стигне Џенсон Батон, кој се искачи на највисокото место на подиумот на последната трка.

Беше неверојатно возбудливо во Бразил уште од самиот почеток. Во првиот круг, Фетел можеше да ја заврши трката откако имаше судир со Бруно Сена, но со многу среќа остана на патеката и продолжи да вози.

Временските услови неколкупати се менуваа, дождот ги примора возачите неколкупати да менуваат пневматици, но на крајот, во последните десетина круга беше јасно дека Себастијан Фетел сепак ќе го одбрани трофејот и ќе ја освои третата шампионска титула во кариерата.

Ова беше и последна Формула 1 трка за легендарниот Михаел Шумахер, кој прв му честиташе на Фетел по завршувањето на трката.

Би можело да ве интересира

Формула не памети ваков рефлекс: Младиот возач избегна трагедија со чудесен маневар

Предраг Петровиќ

Саинц победи во Сингапур

ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Загина млад возач на формула, болидот се распадна на парчиња

Предраг Петровиќ

Ред бул го покажаа новиот „ѕвер“ и потврдија партнерство со Форд од 2026

Алпин го потврдијa Пјастри како замена за Алонсо

Хамилтон и Расел добија ветување за значително подобар болид во Барселона

А1он