Спасески ги прими медалистите од македонската таеквондо репрезентација

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт (АМС) Марјан Спасески денеска оствари средба со претставниците на Таеквондо репрезентацијата на Македонија, која постигна одлични резултати на неодамна завршениот Г-1 турнир, кој изминатиот викенд се одржа во Софија, Бугарија. Станува збор за турнир од највисок ранг во олимпиското таеквондо, турнир од кој се собираат бодови за ОИ во Токио 2020.

Актуелниот Балкански јуниорски шампион Дејан Ѓорѓиевски дебитираше како сениор и со свои 17 години успеа со четири победи да освои златен медал. Тој победи борци од светските велесили во таеквондото како Аргентина, Германија и Србија, а во финалето го победи и актуелниот медалист од Европското сениорско првенство, Хрватот Голец.

Исто така, значајно е да се спомене дека и актуелниот Балкански Јуниорски шампион Филип Додевски го освои бронзениот медал на овој турнир во јуниорска конкуренција.

– Резултатите на нашите натпреварувачи покажуваат и докажуваат дека таеквондото во нашата земја е во голем подем и допрва ќе очекуваме уште поголеми резултати на меѓународната спортска сцена, од страна на нашите репрезентативци. Сигурен сум дека Дејан Ѓорѓиевски има сериозни шанси и можност за освојување норма за Олимпијадата во Токио. Агенцијата за млади и спорт во континуитет дава поддршка на Таеквондо федерацијата на Македонија, а годинава за меѓународната програма и за стручната работа на тренерите, само со првата распределба на средства од игрите на среќа и од редовните буџетски средства се доделени вкупно 1.080.000 денари. Дополнително, за реализација на проектот “Таеквондо за секого” и годинава обезбедивме 50.000 денари, истакна Спасески и порача дека АМС и понатаму ќе го помага овој спорт.

Носителите на медали се заблагодарија за поддршката која ја добиваат од Агенцијата и најавија многу напорна работа и нови победи за исполнување на целта, а тоа е обезбедување норма за следните Олимписки игри.

Би можело да ве интересира

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Македонската репрезнтација во традиционално таеквондо на Европскиот шампионат во Словенија

Репрезентативката Парулеска прогласена за најдобра кадетка на Европскиот шампионат во традиционално таеквондо

Ана Ололовска

Охриѓанката Христијана Парулеска на тронот на Европа во традиционално таеквондо

Ана Ололовска

Сребрен медал за теквондо за репрезентативката Парулеска на контитиненталниот шампионат во Италија

Ана Ололовска

Прво државно првенство во традиционално таеквандо во Охрид

Ана Ололовска