Со четирите натпревари, по два во Г и Х групата вечерва ќе заврши првата фаза на Мундијалот во Бразил. Сигурно учество во 1/8финалето има обезбедено Белгија, а за останатите три слободни осминафинални места шанса имаат сите други репрезентации.
Во Г групата САД и Германија со реми на нивниот меѓусебен дуел одат понатаму, додека Португалија и Гана се со теоретски шанси. Тие ќе бркаат убедлива победа во последното коло и ќе го чекаат исходот од другиот натпревар во групата.
Двојки за 3.коло во Г групата: САД – Германија и Португалија – Гана. Почетокот на двете средби е во 18 часот.
Табела група Е: Германија 4 бода (+4 гол разлика), САД 4 (+1), Гана 1 (-1), Португалија 1 (-4).
Од Х групата лидерот Белгија оди во вториот круг, а редоследот на табелата ќе биде познат некаде на полноќ по завршувањето на дуелите:
Јужна Кореја – Белгија и Алжир – Русија (почеток 22 часот).
Табела група Х: Белгија 6 бодови (+2 гол-разлика), Алжир 3 (+1), Русија 1 (-1) и Јужна Кореја 1 (-2).