За репрезентацијата на Аргентина на Светското првенство во Бразил остана уште финалниот дуел со Германија, а за нивниот капитен Лионел Меси титулата е нешто што му недостигна во неговата кариера.
– Би ги дал сите мои награди, само да станам светски првак. Желба ми е повеќе да бидам светски шампион, отколку да ја добијам „Златната топка“. Освојувањето на Светското првенство е нешто најголемо за секој фудбалер, изјави Меси за германски „Билд“.
Во својата кариера Меси четири пати ја освојуваше „Златната топка“ за најдобар играч во периодот од 2009 до 2012 година. Со Барселона има три титули во Лигата на шампионите, шест пати првак на Шпанија и два купа на Шпанија.
Единствено нешто што му недостасува е титулата светски првак со Аргентина.