Јунак на првиот натпревар од второто коло на Мундијалот во Бразил е голманот на мексиканската репрезентација Гиљермо Очоа, кој успеа да ја сочува својата мрежа од ударите на домашните фудбалери.
Тој имаше неколку одлични одбрани, а за дуелот изјави дека е неговиот најдобар во кариерата.
– Нема сомнение, ова беше натпреварот на мојот живот. Никогаш не е лесно да се игра против домаќин на Светско првенство. Од сите удари најтежок беше на Нејмар со глава. Зневме дека ова ќе биде тежок натпревар и дека Бразил е квалитетна репрезентација, но ова е сепак голем бод за нас, рече Очоа.
Во последното коло од А групата Мексико ќе игра против Хрватска на 22 јуни и најверојатно тоа ќе биде натпревар за пласман во осминафиналето.