СП 2014: Вилмотс како историски го оцени успехот на неговите избраници

Од:

Селекторот на Белгија Марк Вилмотс по пласманот во четвртфиналето на Мундијалот во Бразил рече дека тоа е историски успех.

– Ова е историска победа. Целата земја слави. Имавме 15-ина шанси да го решиме натпреварот во основниот дел, а во продолженијата непотребно им дозволивме резултатски да се вратат. Ние сме меѓу осумте најдобри во светот и тоа е резултат за респект. Ќе пробаме да се качиме уште повисоко, истакна 45-годишниот Вилмотс.

Белгија синоќа по продолженија ги победи САД со 2:1 во натпревар на кој Белгијците упатија триесетина удари кон противничкиот голман Тим Хауард.

Во четвртфиналето, прво за Белгија по 1986 година противник ќе им биде Аргентина во сабота во Бразилија од 22 часот.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска