Полицијата во Бразил уапси 11 лица и разби меѓународна криминална група вмешана во илегална продажба на билети за Светското првенство во фудбал.
Според соопштението на Би-Би-Си, постои сомнение дека криминалната група била активна и на претходните четири светски првенства и остварила добивка од 90 милиони долари по првенство.
Некои од запленетите карти биле наменети за спонзорите, додека некои биле доделени на претставници на бразилскиот тим.
Полицијата верува дека некои од билетите биле продадени и на странски туристи.