Во пресрет на финалето на Светското првенство во Бразил, селекторот на аргентинската репрезентација Алехандро Сабеља смета дека нивниот противник е во предност.
– Ние за разлика од германците игравме продолжетоци и тоа еден ден по полуфиналето кое го играше Германија. Сепак ќе видиме колку таа причина што се „поодморни“ од нас ќе влијае на натпреварот. Тие финалето го обезбедија по 45 минути и водство од 5:0 на полувремето, а ние се боревме до последниот свиреж, изјави Сабеља.
Финалниот натпревар меѓу Германија и Аргентина се игра во недела (13.јули) на стадионот „Маракана“ во Рио де Женеиро, додека ден порано во дуелот за третото место во Бразилија ќе играат Бразил и Холандија. Тоа се последните два натпревара на Мундијалот.