На Светското првенство во Бразил вечерва ќе биде познато кои две репрезентации ќе им се приклучат на Франција и Аргентина во пласманот во 1/8финалната фаза од групите Е и Ф.
Франција води во Е групата со две победи во првите две кола, Хондурас со два пораза нема шанси за вториот круг на кој се надеваат Швајцарија и Еквадор.
Табела: Франција 6 бодови, Еквадор 3 (0 гол-разлика), Швајцарија 3 (-2 гол разлика), Хондурас 0.
Во 3.коло вечерва од 22 часот играат: Хондурас – Швајцарија и Еквадор – Франција.
Претходно, од 18 часот на 14.от ден од Мундијалот, ќе се одиграат двете средби од последното коло во Ф групата. Двојките се: Нигерија – Аргентина и Босна и Херцеговина – Иран.
Аргентина е сигурен 1/8финалист со две победи и 6 бодови, Нигерија е втора со 4 бода, Иран има 1 бод, а БиХ со два пораза е без шанси за следната фаза.