СП 2014: Селекторот на Англија Хоџсон ја пофали играта на Суарез

Од:

Големо разочарување има во таборот на Англија по вториот пораз на Мундијалот во Бразил. Англичаните загубија од Уругвај со 2:1 и сега имаат само теоретски шанси за пласман во осминафиналето. Двоен стрелец за противникот беше Луис Суарез, играчот на Ливерпул, кој во последната сезона ја понесе наградата најдобар играч во Премиер лигата и беше најдобар стрелец во лигата.

-Првиот гол на Суарез беше исклучителен, а кај вториот имаше и малку среќа. Сите знаеме, колку тој може. Многу сме разочарани, бидејќи очекувавме позитивен резултат на овој натпревар. Направивме се да изедначиме, но вториот гол беше шок, изјави селекторот Рој Хоџсон.

Англија има теоретски шанси за пласман во осминафиналето. За тоа потребни се две победи на Италија (над Костарика денеска и над Уругвај во третото коло) и притоа Англија со два и повеќе разлика да ја победи Костарика.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска