Најдобриот холандски фудбалер на Светското првенство Арјен Робен упати апел до неговите соиграчи да бидат горди на постигнатото и да соберат сили за последниот натпревар.
– Секако дека сме разочарани што не успеавме да се пласираме во финалето. Дадовме се од себе, ама не успеавме. како и да е Холандија треба да е горда на својата репрезентација. Да се игра во полуфинале на Мундијал е голем успех, а да се биде трет е уште поголем. Затоа силите треба да ги насочиме кон дуелот со Бразил, истакна Робен.
Холандија синоќа на пенали загуби од Аргентина со 4:2, откако по 120 минути игра ниту една репрезентација не постигна гол.
Натпреварот за 3. место меѓу Бразил и Холандија ќе се одигра в сабота од 22 часот во Бразилија.