(СП 2014) Робен: Ние сме на мисија, а не да уживаме во плажите на Рио

Од:

Холандскиот репрезентативец Ариен Робен, најави дека неговата селекција е на мисија да ја освои првата титула светски првак во историјата на својата земја.

– Мислам дека сите заеднички работиме на задачата, мисијата… Кога ќе дојдете на Светско првенство во Бразил, тоа не го правите да уживате во времето и плажите на Рио. Овде сме да победуваме и да стигне најдалеку што е можно. Мислам дека очекувањата не беа толку големи пред почетокот на шампионатот, затоа сега може да бидеме гори на тоа што го постигнавме досега, изјави Робен за официјалниот сајт на ФИФА.

Холандија на претходниот Мундијал во 2010 година во Јужна Африка изгуби во финалето од Шпанија, што за „Лалињата“ беше трет пораз во дуелите за шампионскиот трофеј.

Холандија во четвртфиналето утревечер ќе игра против Костарика, најпријатното изнанадување на првенството.

– Мислам дека се силен тим. Тоа го покажаа и во групата која беше многу тешка. Беа навистина импресивни. Ние мора да останеме фокусирани.Ќе мора да се подготвиме добро доколку сакаме да ги победиме, додаде Робен за противникот во четвртфиналето.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска