Резервниот играч Дивок Ориги со гол постигнат во 88.минута и донесе победа на Белгија против Русија. Со оваа победа белгиската репрезентација обезбеди осминафинале на Мундијалот во Бразил.
На Русите им останува да ги чекаат исходите на противниците, како и да се надеваат на победа против Алжир во последното коло.
Во 21 часот почнува другиот дуел од 2.коло во Х групата. Играат Јужна Кореја и Алжир.
Единаесеттиот ден од Светското првенство ќе биде заокружен со натпреварот САД – Португалија. Почетокот на овој меч е точно на полноќ, а ќе се игра во Куритибиа.