СП 2014: Прандели поднесе оставка

Од:

Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација Џезаре Прандели поднесе оставка на функцијата откако неговите избраници не успеаја да ја поминат групната фаза на Светското првенство.

Прандели оставката ја соопшти на прес-конференцијата по поразот од Уругвај вчеравечер во Натал.

– Направив план за подготовките и настапот на Мундијалот, но тој не функционираше. Не знам зошто се случија некои промени откако го продолжив договорот. Не е како што беше претходно. Поради тоа јас ја преземам целата одговорност за неуспехот во Бразил и поднесувам неотповиклива оставка, изјави Прандели.

Тој беше предводник на Италија четири години, а актуелниот договор му истекуваше во 2016 година.

Примерот на Прандели го следеше и претседателот на Италијанскиот фудбалски сојуз, Џанкарло Абете кој исто така одлучи да ја напушти функцијата. 

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска