СП 2014: Победи за Аргентина и за Франција

Од:

Репрезентациите на Аргентина и на Франција со победи го затворија четвртиот ден на Светското првенство во фудбал во Бразил.

На „Маракана“ ноќеска во првиот натпревар од групата Ф, Аргентина ја победи Босна и Херцеговина со 2:1.

„Гаучосите“ поведоа со автоголот на Сеад Колашинац во 3.минута. На 2:0 зголеми Лионел Меси во 65.минута, а поразот за БиХ го намали Ведад Ибишевиќ 85.минута.

На дуелот од групата Е Франција со 3:0 го победи Хондурас. Карим Бензема постигна два гола, првиот (45.минута – пенал) и третиот (72), додека при вториот гол (48) Бензема шутираше, а голманот на Хондурас Ноел Валадарес последен играше со топката пред да ја мине гол линијата.

Швајцарија на вториот дуел од оваа група со 2:1 го победи Еквадор.

Вечерва на програмата на Мундијалот во Бразил се натпреварите: Германија – Португалија (18 часот), Иран – Нигерија (21 часот), и Гана – САД (24 часот).

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска