СП 2014: Пирло се жали на условите

Од:

На многуте кои сметаат дека условите во Бразил за играње фудбал се тешки се приклучи и италијанскиот репрезентативец Андреа Пирло. Тој воопшто не е воодушевен од условите кои владеат кога настапува неговата репрезентација.

– На репрезентациите кои доаѓаат од Европа им е многу тешко да играат во такви услови. Тоа е слично кога Бразил и Аргентина гостуваат во Боливија на надморска височина од 3.600 метри. Веќе неколку европски претставници се елиминирани, а други се на тој пат. А сетете се на последното Светско првенство во Германија. Таму сите четири полуфиналисти беа од Европа, изјави Пирло и ги потенцира проблемите со кои се соочува Италија.

Тој вели дека неподносливи се жештините поради големата влажност во воздухот.

– Мислевме дека од Манаус нема полошо, се додека не стигнавме во Ресифе. Таму беше вистински пекол. И во Натал ќе биде исто додаде италијанскиот фудбалер.

Италија денеска во 18 часот (13 по локално време) против Уругвај ќе се обиде да остане непоразена за влез во 1/8финалето.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска