СП 2014: Нови четвртфинални натпревари на Мундијалот

Од:

На дваесеттото Светско фудбалско првенство во Бразил денеска на програмата се нови два четвртфинални натпревари. Во првиот кој ќе се игра на „Националниот стадион„ во Бразилија, ќе се сретнат селекциите на Аргентина и Белгија.

И двете селекции до четвртфиналето стигнаа со максимални четири победи. Секако многу работи за конечниот исход на овој дуел ќе зависат од играта на Лионел Меси кој досега постигна 4 голови на првенството.

Аргентина на овој натпревар не ќе може да смета на суспендираниот дефанзивец Рохо, како и повредениот Агуеро, додека во редовите на Белгија и натаму недостасуваат повредените Вермален и Ванден Боре. Дуелот Аргентина – Белгија ќе започне од 18 часот.

Последниот полуфиналист ќе го дадат победникот од дуелот Холандија Коста Рика. Холандија е селекција која покажа одличен фудбал, а до четвртфиналето стигна со максимани четири победи сите во регуларните 90-минути, иако во осминафиналната рунда против Мексико „Лалињата„ тоа го сторија во последните три минути.

Фудбалерите од Коста Рика се најпријатното изненадување на шампионатот и веќе тие ја испиша историјата за својата земја, а ќе можат ли да вметнат уште едно поглавје останува да се види.

Во пресрет на овој натпревар двете репрезентации се соочуваат со проблеми. Голманот на Коста Рика Кејлор Навас го повреди рамото на еден од тренинзите, додека Дуарте е суспендиран. Робин Ван Перси поради повреда на бутниот мускул предвреме го заврши последниот тренингот на Холандија, а повреден е и Најџел де Јонг.

Натпреварот Холандија – Коста Рика ќе се игра на арената „Фуенте нова„ во градот Салвадор со почеток од 22 часот. Победниците од денешните натпревари на 9 јули ќе играат во вториот полуфинален меч на Мундијалот, додека во првиот (8 јули) ќе се сретнат Германија и Бразил.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска