Селекторот на фудбалската репрезентација на Нигерија Стевен Кеши поднесе оставка по поразот од Франција во осминафиналето на Светското првенство во Бразил.
Франција синоќа со 2:0 ја победи Нигерија со голови во последните десетина минути од натпреварот.
– Време е да се вратам на семејството и да пронајдам нови предизвици, изјави Кеши. Тој на селекторската функција на Нигерија се наоѓаше од 2011 година.
Минатата година Нигеријците предводени од Кеши го освоија трофејот во Африканскиот куп на нациите.