Како што сега стојат работите речиси секој натпревар на Светското фудбалско првенство во Бразил досега дава барем по една ѕвезда на социјалните мрежи.
Најнов таков пример е мексиканскиот голман Гиљермо Очоа кој воодушеви на натпреварот на Мексико против Бразил.
Глорификацијата на Очоа отиде до таму што ниту еден новинарски осврт не мина без епитетите „чудесен“, „величествен“ или „фантастичен“, а потоа кон нив се приклучија и социјалните мрежи.
Очоа е главна ѕвезда и тоа во безброј улоги. Мексиканецот (28) ги доби епитетите „Исус“, „Нео од Матрикс“, „Кинески ѕид“, Гандалф, па дури и кондом.
Коментарите и монтажите за неговиото постигнување не престануваат, а со тоа ни забавата не спласнува.