СП 2014: Нејмар подготвен за Колумбија

Од:

Добрата вест за домаќините е дека нивниот најдобриот фудбалер Нејмар ќе биде подготвен за вечерашниот  натпревар против Колумбија во рамките од четвртфиналето.

Најдобриот стрелец на „Кариоките„ на првенството Нејмар се пожали на повреда на коленото и бутниот мускул во текот на натпреварот од осминафиналето против Чиле, по што неколку дена тренираше под посебен режим.

-Се е во ред, сите сме подготвени. Повредата и болките се минато. Ниту еден играч нема емотивни проблеми во пресрет на овој натпревар, изјави Нерјмар за домашните бразилски медиуми.

Инаку селекторот Луиз Филипе Сколари побарал помош од психолог за да ги смири играчите во пресрет на дуелот со Колумбија, откако неговите избраници по мечот со Чиле кој го добија на пенали, емотивно со многу солзи го прославија пласманот меѓу осумте најдобри.

Во текот на турнирот репрезентацијата на Бразил која важи за еден од главните фаворити за шампионскиот трофеј со прикажаната игра не ја оправда улогата, па Сколари процени дека неговите фудбалери се под голем притисок и затоа побара помош од својот долгогодишен соработник психологот Режин Брандао.

Нејмар досега постигна четири голови за Бразил, еден помалку од напаѓачот на Колумбија Џејмс Родиригез, кој е најдобар стрелец на првенството.

-Тој е врвен стрелец игра одлично, но… Со должна почит, се надевам дека денеска ќе дојде крај на неговата добра игра, изјави Нејмар.

Натпреварот од четвртфиналето меѓу Бразил и Колумбија ќе се игра вечерва од 22 часот во Форталеза.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска