СП 2014: На Мундијалот во Бразил нападнати 17 новинари

Од:

Најмалку 17 новинари, кои известуваат од Светското фудбалско првенство во Бразил, биле жртви на напад од почетокот на шампионатот, соопшти синоќа Интерамериканската новинска асоцијација, барајќи од бразилските власти да ги истражат пријавените инциденти.

Асоцијацијата наведува дека бразилските власти мораат да одговорат на насилните акти кои ги намалуваат обидите за добивање информации и извештаи во врска со демонстрациите против Мундијалот, додека милиони жители на Бразил се борат со сиромаштијата.

– Осудуваме и загрижени сме од фактот што десетина новинари, додека ја извршувале својата работа, биле претепани и спречувани во задачите и тоа во повеќето случаи од безбедносните сили, изјави претседателот на Комитетот на новинската асоцијација за слобода на печатот, Клаудио Паолиљо.

Тој изрази жалење што овие агресивни акции продолжуваат и покрај усвоените мерки од страна на организациите на новинарите и официјалните соопштенија за ратификување на принципите за ненасилство врз медиумските работници.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска