Португалскиот фудбалски стручњак и менаџер на Челзи Жозе Мурињо денеска рече дека Шпанија од Светското првенство не е елиминирана поради лоша игра туку поради фактот што Холандија и Чиле биле на „неверојатно ниво“.
– Шпанија во двата меча постигна само еден гол од пенал. Сепак чесно е да се каже дека Холандија и Чиле играа сјајно и дека тие се одговорни за падот на Шпанците. Го направија тоа што е неопходно за модерниот фудбал. Селекторите Ван Гал и Сампаоили подготвија одлични тактики, изјави Португалецот.
Шпанија со два пораза по две кола, од Холандија 5:1 и од Чиле 2:0 ги загуби шансите за поминување на групната фаза.
Последниот натпревар на Мундијалот во Бразил шпанската фудбалска репрезентација ќе го одигра на 23 јуни против Австралја.