Капитенот на Аргентина Лионел Меси синоќешната победа над Холандија ја посвети на новинарот од неговата земја кој животот го загуби во сообраќајна несреќа во Бразил.
Хорхе Лопес загина во сообраќајка кога на таксито во кое се возел налетал украден автомобил.
– Испраќам прегратки до цела Аргентина, а победата ја посветувам на Хорхе Лопес. Голeма прегратка за неговото семејство, напиша Меси на својот Фејсбук профил.
Аргентина синоќа на пенали со 4:2 ја победи Холандија. Во недела против Германија ќе игра за шампионскиот трофеј.