СП 2014: Лукас Подолски – Наша цел е да започнеме со победа

Од:

Лукас Подолски искусниот германски напаѓач очекува победа на својата селекција во дуелот со Португалија во дербито на петтиот натпреварувачки ден на Мундијалот во Бразил.

– Нашата цел е да започнеме со победа. Тоа е причината поради која ние дојдовме овде’’ Ако играме добро, онака како имаме договорено, тогаш мислам дека нема сомнеж дека сме способни да победиме во овој меч, изјави Подолси пред дуелот со Португалија кој ќе се игра попладнево градот Салвадор, а кој за двете селекции е прв на Мундијалот.

Фудбалерот на Арсенал, сепак е свесен и за квалитетите на противникот, но и дека играта на Португалија најмногу ќе зависи од првата ѕвезда на „Морепловците„ Кристијано Роналдо.

– Не смееме да заборавиме дека тие се четврто рангирана селекција на светската ФИФА листа. Тие го имаат Роналдо, а знаеме дека тој може да го реши натпреварот со само еден потег или само со еден шут, додаде 29-годишниот Подолски за кој Мундијалот во Бразил е трето негово учество на завршницата на Светските првенства.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска