СП 2014: Крамер не се сеќава на првото полувреме од финалето

Од:

Германскиот репрезентативец Кристоф Крамер не се сеќава што се случувало на првото полувреме од финалето на Светското првенство во Бразил.

Крамер во 32. минута по еден дуел со противнички играч доби удар во главата. По укажаната лекарска помош се обиде да го продолжи натпреварот, но набргу потоа падна на теренот и мораше да биде заменет.

– Не се сеќавам што се случи. Ништо не знам за првото полувреме. Мислев дека излегов од игра веднаш по ударот. Немам поим како се најдов во соблекувалната. Во мојата глава натпреварот почна од второто полувреме, изјави германскиот фудбалер кој заработи потрес на мозокот во својот дебитански настап на СП.

Германија во неделното финале на Мундијалот ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија, а Крамер на изненадување на многумина беше во стартниот состав на „панцирите“.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска