СП 2014: Клосе го стигна Роналдо, Нигерија победи по 16 години

Од:

На десеттиот ден од Мундијалот во Бразил, германскиот фудбалски репрезентативец Мирослав Клосе го стигна легендарниот Бразилец Роналдопо бројот на постигнати голови на светските првенства.

Клосе синоќа ја спаси од пораз својата репрезентација изедначувајќи на 2:2 против Нигерија, постигнувајќи го својот 15 погодок на шампионатите и прв на Мундијалот во Бразил. Исто толку голови има дадено и Роналдо.

miroslavKlose1

Вчерашниот ден ќе го помнат и Нигеријците кои остварија победа на светските првенства, прва по 16-годишна пауза. Последен пат Нигерија има триумфирано на 19 јуни 1998 година на СП во Франција. Тогаш со 1:0 ја совладаа Бугарија.

Во 2002 година Мундијалот во Јужна Кореја и Јапонија Нигерија го заврши со два пораза и едно реми, 2006.та во Германија не настапи, а пред четири години во Јужна Африка имаше ист ефект како во 2002 година.

Би можело да ве интересира

ФИФА го прогласи голот на Родригез против Уругвај за најубав на СП во Бразил

Емир Латифовиќ

ФИФА призна дека судијата ја исфрли БиХ од Мундијалот

Емир Латифовиќ

Рицоли: Крамер ме праша дали е финале

Емир Латифовиќ

(ВИДЕО) Северна Кореја слави: Го победила Бразил со 8:1 вo финалето на СП

Ана Ололовска

Катар потврди дека ќе го организира СП 2022

Емир Латифовиќ

Си отиде циркусот на ФИФА, што му останува на Бразил, а што нам?

Ана Ололовска