Репрезентацијата на САД со победа ги почна натпреварите на Мундијалот во Бразил, а Германецот на клупата на Американците Јирген Клинсман изјави дека е задоволен од резултатот, но остави простор за напредок во играта.
– Имавме голем дух и верба до последн момент и стигнавме до победата. Трениравме игра од прекини и тоа даде резултат. Има многу работи кои треба да ги поправиме во играта, а пред се проблем ни е да ја задржиме топката, вели Клинсман.
Дуелот со Гана беше јубилејни 50.ти како Германецот „седи“ на клупата на Американците.
Во следниот натпревар САД ќе играат со Португалија, која во 1.коло загуби од Германија, а во последното коло од Г групата Клинсман ќе се соочи и со своите сонародници.