Германскиот стручњак и селектор на САД Јирген Клинсман рече дека е задоволен од прикажаното на Мундијалот и покрај елиминацијата во осминафиналето.
– Не е лесно да се изгуби по 120 минути. Дадовме се од себе. Овој натпревар беше прав трилер. Задоволен сум од сите играчи. Ја направивме нацијата горда. Фудбалот ќе продолжи да се развива во САД, истакна Клинсман по синоќешниот дуел со Белгија. Германецот не заборави да го нагласи настапот на Хауард.
– Тоа што го правеше Тим беше феноменално, неверојатно. Тој не остави во игра. Бранеше одлично и ги заслужува сите пофалби, додаде Клинсман.