Од таборот на германската фудбалска репрезентација која се подготвува за четвртфиналето на Мундијалот во Бразил, излезе информацијата дека неколку играчи поради грип го пропуштиле последниот тренинг.
Селекторот Јоаким Лев не можел да смета на седуммина фудбалери на еден од последните тренинзи пред дуелот со Франција.
– Виновни се клима уредите кои во собите на играчите создаваат многу ниска температура, а при тоа, поради честите патувања и промена на температурата опаднат им е имунитетот, па тие се грипосани. Сепак не сакам да драматизирам и верувам дека за утрешниот дуел сите ќе ми бидат на располагање, изјави Лев.
Германскиот селектор не ги откри имињата на играчите кои имаат здравствени проблеми.
Германија утре од 18 часот во Рио де Жанеиро во четвртфиналето од СП ќе игра со Франција.