Репрезентативците на Гана, Сали Мунтари и Кевин-Принс Боатенг на само неколку часа пред вечерашниот дуел со Португалија се отстранети од тимот.
Ваква одлука донел селекторот Џејмс Апија кој неодамна имаше вербален дуел со Боатенг, додека Мунтари синоќа имал физичка пресметка со член на федерацијата.
На овој начин продолжи хаосот кој владее во африканската репрезентација пред значајниот настап со Португалците, преку кој можат да изборат 1/8финале на Мундијалот.
Проблемите во таборот на „црните ѕвезди“ кулминираа во вторник по нивната закана дека нема да настапат во 3.коло од групата доколку не им бидат исплатени премиите за учеството на СП. Тогаш интервенираше дури и претседателот на оваа држава во убедување дека репрезентативците ќе си ги добијат средствата. Наводно авион со три милиони долари бил испратен во Бразил за таа намена.